Условни затворски казни за двајца демонстранти од „Шарената револуција“

Ivanov-kancelarija

Уште двајца демонстранти од  граѓанската „Шарена револуција“ добија условни затворски казни, оти ја демолирале народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов за време на протестот на 13 април.

Никола Аризанов е осуден на шест месеци казна затвор доколку во рок од две години не стори друго кривично дело, додека Филип Наковски е осуден на 12 месеци условно, доколку во рок од три години не стори друго кривично дело. Тие изјавија дека се каат за стореното дело, објаснувајќи дека учествувале во протестите поради револт од аболицијата, но дека ниту кршеле, ниту фрлале предмети – јави НОВА Тв.

Вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април, според вештиот наод и мислење кој го изработил Бирото за судски вештачења, изнесува 522 илјади денари. Оваа штета обвинетите демонстранти од сите предмети,  ќе треба да ја надоместат солидарно.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...