Утре ново рочиште по тужбата на Али Ахмети и Муса Џафери против Слободан Богоевски

Во Граѓанскиот суд утре продолжува судското рочиште за тужбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери против екс-разузнавачот Слободан Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар телеком“.

Судот на минатото рочиште прифати за сведоци да ги повика адвокатката Билјана Панова, нотарот Сашо Клисаровски и преведувачката пред кои наводно е дадена, односно заверена изјавата која била користена за потребите на постапката во САД, па оттука, Ахмети и Џафери ќе докажуваат дека изјавата била дадена во Скопје и за тоа е надлежен скопскиот суд, а не на екстериторија во Амбасадата на САД во Скопје.

Адвокатката на Али Ахмети, Татјана Поповски, побара Богоевски да го појасни приговорот на одбраната за стварната и месна надлежност на судот за постапката. Полномошниците на тужителите рекоа дека ќе се произнесат по одговорот на тужените кога до судот ќе биде доставена оригиналната изјава на Слободан Богоевски дадена за Њујоршкиот окружен суд преведена од овластен судски преведувач.

Адвокатката на екс-разузнавачот Цветанка Настова, пред судот изјави дека судот е ненадлжен, бидејќи делото за кое се товари не е сторено на територијата на Македонија, односно дека тужениот Богоевски изјавата ја дал во претставништво на амбасадата на САД во Скопје, притоа повикувајќи се на принципот на екс-територијалност според кој, местата каде се наоѓаат амбасадите им припаѓаат на земјите. Настова подвлече дека упатиле и писмено барање до Амбасадата на САД во Скопје за одговор на прашањето кога е дадена изјавата на Богоевски како сведок и за кои потреби.

Полномошничката на тужителите на минатото рочиште се повика и на објави од македонски електронски и печатени медиуми во кои биле пренесени детали од сведочењето на Слободан Богоевски пред Њујоршкот Окружен суд, но не беа приложени докази кои ја потврдуваат автентичноста на доказите објавени во медиумите, бидејќи секој пренел или превел делови од документи,  но никој не пренел лична изјава на Богоевски.

„Вакви тужби се недозволени и се казниви според македонскиот кривичен законик. Ова јас го доживувам како притисок врз мене да се откажам од сведочењето во Њујорк“ – рече Богоевски.

Богоески во сведоштвото пред американскиот суд посочи дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиерот Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери. Како отштета во овие процеси Ахмети побара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.

Поранешните директори на „Маѓар Телком“, Елег Штрауб и Андрас Балог се спогодија да платат парични казни и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва.  Штрауб ќе плати кана од 250 илјади долари, а Балог од 150 илјади долари долари.

 

Извор: www.makfax.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Митко Јанчев: Тврдам, ми вперија пиштол в глава

По инцидентот со кандидатот за градоначалник од Кавадарци, бизнисменот Митко Јанчев и бројните верзии за ...

Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ ...

Close