Утре облачно со повремен дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремен дожд, на места со умерен интензитет, а на планините и на некои повисоки места во северзападните делови со повремен снег.

Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално ќе наврнат околу 10 литри на квадратен метар. Дневната температура во наредните два дена благо ќе опадне.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд.

Утринската температура ќе достигне до четири, а дневната до осум степени.

Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време.

Би те интересирало и

Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

Дел од експертската јавност и граѓаните се сомневаат дека новиот мост на река Пена кој ...

В четврток ново рочиште за Труст

В четврток е закажано ново рочиште за случајот Труст на Специјалното јавно обвинителство, кога треба ...