Утре премиера на „Бог на масакрот“ во штипскиот театар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Утре премиера на „Бог на масакрот“ во штипскиот театар

Текстот за холивудскот филм „Карнеги“, ќе биде подлога за новата премиера на штипскиот Народен театар, што ќе го носи насловот „Бог на масакарот“, по текст на светски наградуваната писателка Јамина Реза. Психолошката игра на двете брачни двојки, кои се состануваат за да го расчистат инцидентот со нивните деца во паркот, режисерката Нела Витошевиќ ја претставува како драма со примеси на гротска за предизвиците на обичниот човек.

-Она што авторката го отвора како еден најбитен аспект се последиците од западниот капитализам, во кој што владее правило на посилниот и во кој што отуѓеноста земала главен примат во отуѓениот свет. Понатаму многу битен аспет е тоа што практично може да отиде човековата природа кога е лично засегната, и како кога ќе се одлободат ликовите од разумот како нагонот го зема приматот и тогаш стануваат неверојатно агресини и хистерични, изјави Витошевиќ.

Претставата „Бог на масакрот“ е првата премиера на штипскиот театар за оваа година. Во неа машкиот дел е од штипскиот анамбл – Милорад Ангелов и Ефтим Трајчов Ѓаурски, додека нивните партнерки се од скопските театри, Драгана Костадиновска и Сања Арсовска. Актерот Трајчов Ѓаурски рече дека оваа е претстава што се игра во еден здив.

-Ова е фестивалска претстава, теба да патува на многу фестивали и во тетарите во сите градови во Македонија, рече Тајчов Ѓаурски.

Сценографијата за претставата е на Васил Христов, додека костимограф Розе Трајчевска. Директорот Никола Ристов најави настапи по фестивали, но и настапите по македиските театри во рамките на како што рече, најавата на Министерството за култура со која, претставите од еден театар ќе може да ги види публиката од другите градови. Ристов најави и преговори со бугарски театри за размена на претстави.

Би те интересирало и

Месец на бугарски филм

Манифестацијата „Месец на бугарски филм“, која почна во Кинотеката на Македонија на 1 февруари, ќе ...

Со хит комедијата ,,Од кол на кол“ прилепскиот театар денес слави 68 години од формирањето

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на ...