Утрово нови земјотреси во Охрид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Утрово нови земјотреси во Охрид

Утринава во 4:29 часот е почувствуван најсилниот од четирите земјотреси на длабочина од 1 километар.

Во 01:02 часот е регистриран земјотрес со магнитуда од 3 степени на кој му претходеа два потреса во 23:37 часот со јачина од 3,2 степена и 23:16 часот од 3,1 степен.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше завчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Нивото на Вардар кај Јегуновце четири пати пониско

Четири пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Вардар кај Јегуновце, покажува ...

ОМД: Македонските власти да ги прекинат преговорите за името

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поддржува кампањата #НашетоИмеЕМакедонија на Македонското меѓународно движење за човекови права ...