Утрово тлото се тресе – Најсилниот потрес 5,7 степени

Од доцна синоќа до рано изутринава се регистрирани поголем број на потреси во Европа и на Балканот.

Сеизмолошките опсерватории регистрираа потреси во Италија, и тоа последниот во Рим со јачина од 2,6 степени според рихтеровата скала, потоа во Кипар, со јачина од 3,6 степени по Рихтер, во повеќе делови на Турција, а последниот во Адана со јачина од 3,5 степени по Рихтер, како и неколку помали со јачина од 2 и 3 степени.

Инаку, од синоќа најсилен земјотрес е регистриран во Боливија, од 5,7 степени според Рихтер.

Завчера земјотрес го стресе и Скопје, во 04 часот и 08 минути со магнитуда од 4,2 степени, што беше прв посилен потрес од ланскиот земјотрес од 5,2 по Рихтер кој предизвика паника кај скопјани. По овој потрес не се регистрирани други потреси.

Се надеваме тлото ќе се смири.

Превземено од: Репортер

Додади коментар

Би те интересирало и

Шешељ: Не се враќам доброволно во Хаг

Воислав Шешељ рече дека на повикот од Хашкиот трибунал да присуствува во завршните зборови во ...

Судири меѓу атинската полиција и група учесници во протестен марш

Во Атина избија помали судири меѓу грчката полиција и група млади учесници во протестен марш, ...

Close