УХМР најавува: Невреме со град и засилен ветер

­

УХМР најавува дека од денеска попладне ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Според УХМР, до сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Утре ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи дожд, особено во јужните делови. На места, вкупните количества може да надминат 45 литри на метар квадратен.

Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата кон викендот ќе биде во благ пораст.

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...