УХМР објави вонредна временска прогноза

Во среда од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет.

Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. На високите планини врнежите ќе се од снег. Во попладневните часови ќе започне да дува северозападен ветер кој исто така повремено ќе засилува особено вдолж Повардарието. Дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени.

И во Скопскиот регион во среда најпрвин ќе дува повремено засилен јужен ветер, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд повремено со умерен интензитет. Овие врнежи ќе завршуваат до крајот на денот, а попладне ќе започне да дува северен и постуден, повремено засилен северен ветер.

До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време а ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, со благ пораст на дневните температури.

Преземено од: УХМР

Би те интересирало и

Во декември заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија во Подградец

Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските ...

Ново судење за Сеад Кочан – ќе се изведуваат доказите

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, ...