УХМР: Од утре сончево и многу топло време

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Утрото ќе биде посвежо со температури кои ќе бидат во интервалот од 1 до 10 степени, а дневната највисока температура ќе биде во пораст и ќе се движи во интервалот од 22 до 28 степени – соопшти УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северен ветер. Температурите ќе се движат од 5 до 26 степени

Следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.

Во петок попладне и во сабота ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...