УХМР со нов инструмент, донација од УНДП ќе ги мери водотеците на реките и каналите

Со нов современ инструмент кој е донација од УНДП како меѓународен партнер во проектите, Управата за хидрометеоролошки работи ќе ги мери водотеците. Раководителот на секторот хидрологија во УХМР, Васко Стојов вели дека станува збор за акустичен доплеров мерач на протек, кој се смета за револуционерен алат за мерење на брзина и протек на вода, во природни речни текови и канали. Новина е и тоа што со инструментот водотеците може да се мерат и надвор од водата, па со тоа ќе се надминат досегашните застарени техники – велат од Управата.

Инаку, по последните мерења на водостојот на Дојранското езеро, надлежните од Управата утврдиле дека недостигаат уште 24 сантиметри за езерската вода да се искачи до максимално дозволена кота, а тоа е 241 сантиметар. Од УХМР велат дека доколку има постојан дотек на вода во езерото од каналот Ѓавато, и со новите пролетни врнежи од дожд, се очекува во следниот период до јули нивото да продолжи да расте. Локалните власти од Валандово започнаа уште еден проект од ИПА програмата, овој пат заедно со општина Кресна од Бугарија. текст: Валандово ќе биде дел од поширок систем за превенција и рано предупредување од поплави, заедно со градот Кресна од Бугарија, во проект кој е добиен како дел од ИПА програмата. Со него се предвидува адаптација на мерките за климатски промени и превенција и управување со ризици поврзани со климата како ерозии, пожари, поплави, бури.

Предвидено е исто така да се постават две мерни станици во Валандово и во Кресна, кои ќе се инсталираат на определени точки кои се идентификувани како опасни во базените на двете реки- Вардар и Струма. Координаторката на проектот од општина Валандово, Славица Тајтаева вели дека веќе се одржал и првиот состанок во Македонија со бугарските партнери. Целта на проектот е да се постигне интегриран мониторинг, проценка и превенција од поплави во меѓуграничниот регион, преку користење на специфична опрема за следење на водите. Проектот кој е од областа на заштитата на животната средина, ќе чини 380 000 евра, од кои општината која се јавува како негов носител ќе искористи 240 000 евра.

Би те интересирало и

Вељаноски до неговите колеги: Се доведуваме во незавидна состојба да ги искинеме нашите универзитетски дипломи

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, испрати отворено писмо до неговите колеги во кое укажува ...

Високо загадување на воздухот во повеќе градови

Утринава е регистрирано високо загадување на воздухот во повеќе градови во Македонија. Мерните станици утрово во ...