Ученик нападнал наставник во училиште во Симница

Петнаесетгодишен ученик физички нападнал и му нанел повреди на главата на наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница. Тетовската полиција информира дека случајот го пријавил вработен во училиштетото вчера утрото околу 8 часот.

„Петнаесетгодишен ученик од ова училиште физички го нападнал наставникот Ш.К.(62) од ова село. На нападот му претходела куса вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата. Малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото“, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вработен во училиштето го спречил малолетникот, а повредениот наставник побарал медицинска помош.

По пријавувањето на случајот, ученикот во присуство на родител е повикан во полициската станица во Гостивар каде е разговарано со него и по целосното расчистување на сите поединости ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би те интересирало и

Виница: Вооружени крадци ги затвориле вработените во тоалет и го ограбиле казиното

Двајца маскирани крадци вооружени со пиштоли изутринава околу 6.15 часот го ограбиле казиното на улицата ...

Користејќи туѓ Фејсбук профил зел 600 евра од негови пријатели

Вчера околу 17 часот З.М. (55) од гостиварското село Чајле, пријавил компјутерска измама од засега ...