Ученик паднал од прозорец во училиште во Скопје

Дванаесетегодишен ученик вчера се повредил при обид да влезе преку прозорец, на висина од два метра, во училница на првиот кат на ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Скопје – соопшти МВР.

Во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ вчера околу 12:20 часот, по завршување на часовите, дванаесетгодишен ученик се обидел преку прозорец, на висина од два метри, да влезе во училница на првиот кат. Тој се фатил за завесата на прозорецот, која се скинала и паднал на плочникот.

Ученикот со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и било задржано на понатамошно следење на неговата здравствена состојба.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close