Ученичка од Скопје починала на час по Историја

Ученичка во ГУЦ „Здравко Цветковски“ вчера починала за време на час по Историја – соопшти денеска МВР. Имено, вчера попладне од Ургентен центар Скопје во ЕИК Скопје било пријавено дека на осумнаесетгодишната, А.А. додека била на час во еден момент и’ се слошило, по што паднала од столчето.
По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана Итна медицинска помош, кои се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.
После тоа, матурантката била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.


Додади коментар

Би те интересирало и

Железничкиот сообраќај трет ден во прекин

Не сообраќат ниту патничките, ниту товарните возови, информираат од Железничката станица во Скопје. Протестот е ...

Мехмети: Некој ден пратеник може да биде убиен и никој нема да одговара

Кога се напаѓа еден пратеник, се напаѓа еден народ. Во секоја напредна нација, нападот врз ...

Close