Училишниот проект на ЕВН гради нови генерации одговорни корисници (Галерија) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Училишниот проект на ЕВН гради нови генерации одговорни корисници (Галерија)

Kviz EVN (20)

Детскиот квиз натпревар во знаење од областа на енергетската ефикасност што беше одржан во Струга е последната содржина од  Училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2015/2016 година.

Kviz EVN (11)

Победници на натпреварот се учениците од ОУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани, второто место го освои ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, а на третото место се пласираа учениците ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.

????????????????????????????????????

 

Подигнување на свеста за енергетска ефикасност преку континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија, е целта на Училишниот проект кој веќе 9 години го организира ЕВН Македонија. Преку активностите на училишниот проект се креираат нови генерации на разумни корисници на електрична енергија, кај кои свеста за енергетската ефикасност ќе биде нераскинлив дел од начинот на  живеење.

Kviz EVN (1)

Преку современи методи за едукација, досега над 37.000 ученици во основните училишта од четврто до шестто одделение го зголемија знаењето за потеклото на електричната енергија, начините за заштеда, како и за безбедносните мерки при нејзиното користење. Децата исто така имаа можност, преку споведување на локални промотивни кампањи да научат како стекнатото знаење да го пренесат на своите родители, соученици и целата локална заедница.

Kviz EVN (8)

Училишниот проект на ЕВН Македонија е добитник на награда за општествена одговорност и е уникатен пример за соработка меѓу приватниот и граѓанскиот сектор. Партнери во спроведувањето на проектот на ЕВН Македонија се граѓанските организации: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.

Kviz EVN (4)

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...