Уште еден случај на противзаконити пресуди на Основниот и Апелацискиот суд во Штип

OSnoven-sud-SHtip-6

Неосновано е ослободен од обвинение штипјанецот, Кирчо Мицов за кривичното дело „убиство“ на Стоил Максимов-Ики од Штип – пресудил Врховниот суд, откако Вишото Јавно обвинителство до Врховниот суд поднесе барање за заштита на законитоста.

Во службеното известување од Вишото обвинителство, Штип се вели дека по поднесеното обвинение од Основното јавно обвинителство Штип против Кирчо Мицов за кривичното дело „убиство“ што се случи на 7 мај 2013 година на улицата „Енгелсова“ во Штип, кога беше лишен од живот Стоил Максимов, Основниот суд во Штип донесе ослободителна пресуда.

Жалбата на Јавниот обвинител беше одбиена, а ослободителната пресуда на Основниот суд беше потврдена и од Апелацискиот  суд во Штип.

Против ослободителната пресуда за ова убиство, Јавниот обвинителство по иницијатива на Основното и Вишо обвинителство Штип, до Врховниот суд поднесе барање за заштита на законитоста. Врховниот суд со своја пресуда КЗЗ бр.14/2016 го уважи барањето за заштита на законитоста и утврди дека пресудите на Основниот и Апелацискиот суд во Штип со кои обвинетиот Кирчо Мицов беше ослободен од обвинение за наведеното убиство, се противзаконити.

Врховиот суд утврдил дека Основниот и Апелацискиот суд недоволно ги ценеле и анализирале предложените докази од страна на Јавното обвинителство и донеле незаконити одлуки кога обвинетиот, Мицов го ослободиле од обвинението за извршеното убиство над Стоил Максимов-Ики. Меѓутоа ваквата пресуда на Врховниот суд е само декларативна.

Законот вели дека кога е поднесено барање за заштита на законитоста на штета на осудениот, одлуката на Врховниот суд е необврзувачка. Се констатира законитоста, меѓутоа нема право да се менува на штета на осудениот, т.е нема право да ги укинува пресудите и предметот да го враќа на повторно судење. Ако барањето на законитоста го поднел осудениот тогаш е можна промена во постапката, појаснуваат од Вишото Јавно обвинителство.

Инаку во првото судење во Основниот суд Штип, Мицов беше осуден на 13 години затвор. Апелацискиот суд ја поништи оваа пресуда и судењето почна од почеток. На повтореното судење, тој беше ослободен од обвинението, поради немање докази а оваа пресуда ја потврди и Апелацискиот суд. Апелациониот суд во пресудата констатирал дека е неспорно оти обвинетиот бил во домот на оштетениот во критичниот период, но дека не постои сигурен доказ дека тој го извршил кривичното дело.

Според обвинението, Мицов делото го сторил со умисла ноќта меѓу 6 и 7 мај 2013 година. Тој убиството го извршил со удар со тврд предмет. Телото на Максимов во неговиот стан беше пронајдено по пет дена, откако соседите и неговиот татко ја алармирале полицијата насилно да влезат во станот во штипската населба „Осми ноември“.

Ова не е прв ваков случај, во кој Врховниот суд, ја потврдува вината за одредено кривично дело, а виновникот да е ослободен од обвинение. Таков е случајот и со физичкиот напад на управителот  на Канал 77,Горан Гаврилов, во 2008 година. И покрај тоа што и Основниот и Апелацискиот суд донесоа ослободителна пресуда и за нарачателот и за извршителот на физичкиот напад, т.е обидот за убиство, Врховниот суд, донесе пресуда во која што се  вели дека одлуките и на двата суда се неосновани, т.е дека нивните пресуди се против законити. Гаврилов правдата ја побара во судот во Стразбур, кој го прифати делото. Се чека пресудата.

Која е смислата на овие пресуди, се прашуваат граѓаните, кога нарачатели на физички напади и обвинети за убиство, се шетаат како слободни граѓани.Треба ли граѓаните да стравуваат за својата безбедност кога во услови на правна држава, не можат да си ги остварат своето права, посебно во случај кога им е загрозена безбедноста, па и животот.

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...