Уште пет лица на разговор во полицијата за собраниските случувања

Уште пет лица се повикани на разговор во полициска станица за случувања во Собранието на 27. април. Станува збор за дваесет и осумгодишниот Д.М од Виница и уште три лица со иницијали И.П., З.З., и Н.П., на возраст од 39, 47 и 37 години – сите од Скопје.

Во домот на Ј.Л. (41) од Скопје прво е извршен претрес, а потоа и тој бил повикан на разговор.

Како што соопшти МВР, по извршените разговори Д.М., И.П.,, З.З.(47) и Н.П. се ослободени, а кај Ј.Л. (41) не се пронајдени предмети со кои е извршено кривично дело или кои потекнуваат од извршено кривично дело и по разговорот, и тој е ослободен. Во консултации со Јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Секторот за внатрешни работи Скопје и натаму презема мерки и активности во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Додади коментар

Би те интересирало и

Маж сечејќи дрва ја усмрти сопругата

Трагедија вчера околу 10 часот се случи во атарот на кичевското село Драгов дол на ...

Во Тетово се зголемува бројот на лица кои возат без возачки испит

Бројот на лица во Тетово кои возат без возачки испит бележи нагорна линија. Во сообраќајна ...

Close