УЈП: Рокот за пријавување добивка над милион денари до 15 јануари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

УЈП: Рокот за пријавување добивка над милион денари до 15 јануари

ujp5

Најдоцна до 15 јануари истекува рокот за поднесување пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност од страна на даночните обврзници – правни и физички лица, кои во претходната календарска година, заклучно со месец декември 2016 година, од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари – соопшти УЈП.

Оттаму додаваат дека во истиот рок, Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец „ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата „ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk.

Од УЈП потсетуваат дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувања на лица кои вршат оданочива стопанска дејност.

За повеќе информации достапна е најновата брошура за „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност.

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот на буџетот што го најавува Зоран Заев е доказ дека економијата е пред колапс

По најавата за ребалансот на Буџетот кон средината на годината, ВМРО-ДПМНЕ  реагираше со соопштение. Реакцијата ...

Заев: Ребаланс на Буџетот кон средина на годината

Ребаланс на Буџетот кон средината на годината – најави денеска премиерот, Зоран Заев. Сепак, како ...