Фараж: Брегзитот и победата на Трамп покренаа глобална револуција

Поранешниот лидер на британската Партија за независност, (УКИП) Најџел Фараж смета дека Брегзитот и победата на американскиот претседател Доналд Трамп покренале „голема глобална револуција“ што ќе се прошири и во другите западни земји.

Фараж ја поздрави извонредната победа на Трамп и потсети дека го поддржувал за време на кампањата.

„Кога идните генерации ќе учат за историјата од овој период, една година ќе се истакнува, а тоа ќе биде 2016“, нагласи Фараж.

Тој ги наведе и „возбудливите избори“ што оваа година се очекуваат во Холандија, Франција и Германија, а можеби и во Италија.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...