Федерер ја започнува сезоната на трева во Штутгарт – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Федерер ја започнува сезоната на трева во Штутгарт

Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер годинава ќе ја започне својата сезона на трева во Штутгарт. Тоа го потврдија организаторите на турнирот, кој ќе се одржи од 11 до 17 јуни.

Вториот на светската АТП листа, Федерер нема да брани поени на „Мерцедес купот“, каде минатата сезона загуби во првиот натпревар од домашниот претставник Томи Хас со 6:2, 6:7 (8), 4:6, но подоцна ги освои титулите во Хале и Вимблдон.

Триесет и шестгодишниот Швајцарец нема трофеј во Штутгарт, а најдоброто негово достигнување е полуфинале во 2016 година.

Играчите вообичаено го користат натпреварувањето во Штутгарт за да се подготват за Вимблдон, кој ќе започне на 2 јули.

Би те интересирало и

Серена Вилијамс го продолжи одморот, нема да настапи ни во Рим

Американската тенисерка Серена Вилијамс соопшти дека нема да настапи на турнирот во Рим, кој ќе ...

Тенисерките на Македонија заминаа за Тунис на Фед Купот во Гамарт

Фед репрезентацијата на Македонија замина за Гамарт, Тунис, каде од утре ги започнува натпреварите од ...