Фенг-шуи за почетници

Многумина посакуваат да го внесат фенг-шуи начинот на живот во своето секојдневие, но не знаат од каде да започнат.

Овие совети нека ви бидат почетна точка:

Елиминирајте го нередот – Ова е апсолутно најважно правило, но и едно од полесните.

Задржете се до неопходните предмети – Она што има шанса да ви користи, поправете го. Она што никогаш не мислите дека ќе ви затреба, слободно отстранете го.

Осветлување – Отворете ги прозорците и подигнете ги ролетните, така што ќе му овозможите слободен пат на природното светло.

Избегнувајте остри рабови – Според фенг-шуи острите рабови привлекуваат негативна енергија, па обидете се да ги ублажите на било каков начин.

Поправете ги сите одводи и доводи – Погрижете се ништо да не протекува во вашиот дом, затоа што тоа го симболизира протекувањето на парите од вашиот живот.

Бои – Ентериериерот не би требало да биде обоен во повеќе од 3 нијанси.

Исфрлете ги електричните апарати од спалната соба – Телевизор, компјутер, па дури и лаптоп. Спалната соба е место за одмор и релаксација.

Декорирајте со позитивни детали – Никогаш не ја заборавајте моќта на позитивните фигури и натписи во домот, но и романтичните свеќи.

Додади коментар

Би те интересирало и

Љубовта го поттикнува развојот на мозокот

Грижата, која мајката по породувањето ја покажува кон своето новороденче го стимулира и јакне развојот ...

Цукерберг си зема двомесечен одмор за раѓањето на неговата втора ќерка

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, си зеде двомесечен одмор за раѓањето на својата ...

Close