Филипо Инѕаги: Ми олесна кога го видов Несторовски на клупа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Филипо Инѕаги: Ми олесна кога го видов Несторовски на клупа

Филипо Инѕаги и пред мечот на неговата Венеција против Палермо истакна дека Илија Несторовски е фудбалски „материјал“ за Серија А, а дека исклучително го цени нашиот репрезентативец на интересен начин потврди и на прес-конференцијата по мечот што заврши без голови.

Филипо Инѕаги и пред мечот на неговата Венеција против Палермо истакна дека Илија Несторовски е фудбалски „материјал” за Серија А, а дека исклучително го цени нашиот репрезентативец на интересен начин потврди и на прес-конференцијата по мечот што заврши без голови.

Братот на многу попознатиот Симоне Инѕаги најде рецепт од клупата да ја доведе Венеција до важен бод на гостувањето на Сицилија и веднаш потоа го потенцираше како клучно отсуството на Нестор-гол.

„Кога го видов Несторовски на клупата за резерви кај Палермо ми олесна. Го ценам и Трајковски, и даде гол на Италија во Торино, но вистинска среќа за нас беше што не играше вториот македонски репрезентативец“, изјави Инѕаги.

Несторовски поради повреда на ногата беше поштеден од тренерот на Палермо, Бруно Тедино, иако не е ништо сериозно. Кога првиот стрелец на тимот и капитен на Палермо не игра, тешко се освојуваат бодовите, а и вчера Сицилијанците потфрлија.

Во нападот на негово место играше Александар Трајковски, но немаше посериозна шанса за погодок.

Извор: СпортМедиа

Би те интересирало и

Мурињо: Погба беше многу добар

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по натпреварот со Бурнемут (2:0), го пофали играчот од ...

Избран најдобриот тим во Премиер лигата

Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната ...