Филип Кузмановски меѓу најдобрите млади ракометари на ЕП во Хрватска! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Филип Кузмановски меѓу најдобрите млади ракометари на ЕП во Хрватска!

Синоќа, со среќен крај за Шпанија, заврши Европското ракометно првенство кое се одржа во Хрватска. „Црвената-фурија“ носена од фантастичниот Арпад Штербик во второто полувреме го скрши отпорот на младите Швеѓани и за првпат во својата историја се закити со златниот медал од еден континентален собир.

Првенството, кое се играше во Загреб, Пореч, Вараждин и Сплит ни донесе голем број на возбудливи натпревари, а исто така и нови ѕвезди кои се претпоставува дека во иднина ќе блеснат на ракометниот терен.

Меѓу младите ракометари кои имаа свои моменти на ова првенство, во избор на хрватските медиуми, имаше место и за нашиот репрезентативец, Филип Кузмановски.

Левиот бек на Металург одигра неколку одлични меча и како „џокер“ на Раул Гонзалез знаеше често да ја изненади противничката одбрана. Неговите добри партии на собирот во Хрватска му донесоа осмо место во овој избор на најдобри млади ракометари.

Покрај него се најдоа уште и Дика Мем (Франција), Симон Јепесен (Шведска), Станислав Кашпарек (Чешка), Милош Јовановиќ (Србија), Јанус Дал Смарасон (Исланд), Алиаксандар Падшвалов (Белорусија), Филип Хенингсон (Шведска) и Урх Кастелиќ (Словенија).

Кузмановски првенството во Хрватска го заврши со 15 гола од 25 удари, а на мечот со Црна Гора беше прогласен за МВП.

Преземено од: Гол.мк

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...