Филмот „Исцелител“ селектиран на фестивал во Солун

 

Филмот „Исцелител“ е селектиран на „Солунскиот интернационален филмски фестивал“ во програмата „Balkan Survey“.

Проекцијата во Солун, информира продуцентската куќа „Фрагмент филм“, ќе биде воедно и светска премиера на филмот кој е македонско-грчка копродукција.

„Исцелител“ е филм за механичар од железничко депо кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Би те интересирало и

Македонците се најрелигиозен народ на Балканот

Со 88 проценти, Македонците се најрелигиозен народ на Балканот. Ова го покажуваат податоците од студија ...

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година

Во Тетово се одржа традиционалната манифестација Етно Вешта Жена 2017 година. За прв пат во ...