Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

osloboduvanje-na-skopje

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на 28-от Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“, соопшти продукцијата „Партизанс“.

– Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија – соопшти „Партизанс“.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска,  финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

Додади коментар

Би те интересирало и

Поради морална одговорност, министерот Нухиу се повлекува од функцијата

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу ќе побара повлекување од оваа функција, бидејќи како што ...

Ситуацијата во Македонија – тема на неформалниот состанок на МНР на ЕУ на Малта

Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија, случувањата во Турција и односите меѓу Анкара и ЕУ ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger