Финансии бара појаснување од Уставниот суд за земјоделските субвенции

Уставниот суд денеска на својата веб-страница го објави Решението според кое нема законска пречка за исплата на земјоделските субвенции пред да се формира влада.

Министерството за финансии информира дека поднело писмо до Уставниот суд од кој бара да му достави препис од Одлуката и појаснување.

Уставниот суд завчера, на 10 мај, поведе постапка за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Оваа мерка важи до конечното одлучување на Судот.

Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.

Превземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Со минимален гарантиран доход до искоренување на сиромаштијата

Со минимален загарантиран доход до намалување на сиромаштијата во земјава – ова е решението кое ...

Хрватската индустрија со трет најголем раст во Европа

Извештајот на Европскиот статистички уред покажува дека во Хрватска е забележан најголем пораст на индустриското ...