Фирмите во Тетово лоцирани до дивата депонија освен со отпад се справуваат и со фекалии од одводни канали

Фекалии од одводен канал вчера ја поплавија улицата во близина на дивата депонија во Тетово, каде се лоцирани неколку фирми. Со интервенција на Јавното комунално претпријатие Тетово, состојбата е нормализирана, денеска фекалиите беа повлечени во каналот.

 

Томислав Марковиќ кој работи во една од фирмите, вели дека секојдневно се соочени со еколошки последици од дивата депонија од каде се шири неподнослива смрдеа, сега вели тој мораме и со фекалиите да се справуваме.

Тој побара одводните канали, атмосверските и фекалните канализации да се чистат редовно, за да не дојде до избиввање на водите на површина.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека во рамки на нивните можности интервенираат и ги чистат каналите и канализациите. Пред два дена градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја отввори претоварната станица за смет, и вети дека со работата на овој објект ќе се реши проблемот со отпадот во Тетово а локацијата кај дивата депонија според неа целосно ќе биде исчистена.

 

Би те интересирало и

Над 1,5 милиони Македонци користат интернет, а милион Фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.503.000 луѓе или 72,2 отсто од населението, а милион се приклучени ...

Вицепремиерот Османи во посета на Франција

Заменик претседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува ...