ФИФА ги зголеми премиите за Светското првенство во Русија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека наградниот фонд на Светското првенство во Русија следната година ќе биде 400 милиони долари. Тоа е за 42 милиони dолари или 12% повеќе од износот што беше одвоен за Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Секој од 32-та учесници на првенството во Русија ќе добие два милиони долари, што е за 500 илјади долари повеќе од износот на шампионатот во Бразил. На последното Светско првенство, победникот Германија освои 35 милиони долари, а финалистот Аргентина – 25 милиони. Сега новиот светски шампион ќе добие 50 милиони долари, а вториот за 10 помалку.

Допрва ќе се разјасни каква сума ќе добијат клупските тимови кои имаат свои фудбалери на светското првенство.

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...