Фолк фест Валандово повторно ќе се одржува во мај – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Фолк фест Валандово повторно ќе се одржува во мај

Со новите локални власти пристигнува и ново раководство на еден од најстарите фестивали во државата – манифестацијата за новокомпонирана македонска народна песна Фолк фест Валандово.

Од општина Валандово кои се организатори на настанот велат дека ќе се враќа стариот термин на одржување на фестивалот, а градоначалникот Перо Костадинов најавува и смена на раководните места.

„За оваа година 2018 планираме враќање на Фолк фест Валандово, во месец мај. Целиот тој месец планираме да биде во знакот на фестивалот, да заживее градот како во своите најдобри времиња со многу пропратни активности коишто треба да го најават настанот. За брзо време ќе го избереме и раководниот тим, како и уметничкиот директор на фестивалот“, вели Костадинов.

Пред 2 години фестивалот принудно беше одложен поради потегот на Здружението за заштита на авторски музички права кое тогаш даде забрана за изведба на песни од македонски автори, па фестивалот не можеше директно да се пренесува на телевизија како секоја година. По пауза од една година фестивалот повторно се одржа, но овојпат без високиот износ од 20 000 евра за награди кој Министерството за култура го воведе како спонзорство пред неколку години кога почна обновувањето и осовременувањето на фестивалот.

За оваа година се’ уште нема најава колку ќе чинат паричните награди кои ќе се поделат на најновото издание на Фолк фест Валандово.

 

Роза Шулева

Би те интересирало и

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...

Вечер се дочекува Стара нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, ...