(ФОТО+ВИДЕО): Најмалку 247 мртви во земјотресот во Италија, најмладата жртва имала 8 месеци – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

(ФОТО+ВИДЕО): Најмалку 247 мртви во земјотресот во Италија, најмладата жртва имала 8 месеци

zemjotres italija

Најмалку 247 лица загинаа во силниот земјотрес што вчера ја погоди централна Италија, според последните податоци од италијанската цивилна заштита. Повеќе од 350 лица се повредени.

Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани во централните италијански градови уништени од земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а бројот на жртвите утрово се зголеми на 247.

Во меѓувреме, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека уште еден земјотрес, од 4,6 степени, го погодил централниот дел на Италија, околу 66 километри североисточно од градот Терни, со население од над 220.000 луѓе. Тоа е дваесет и втор земјотрес во регионот во помалку од 24 часа.

zemjotres italija1

Драматичните спасувачки операции продолжија во текот на ноќта и во раните утрински часови, а се верува дека голем број луѓе сè уште се под урнатините. Илјадници луѓе се оставени без покрив над главата.

Најмалку 86 жртви доаѓаат од малите градови Аматриче и Акумоли, кои се наоѓаат во близина на епицентарот на земјотресот, на околу 100 километри од Рим.

На спасувачките единици им се приклучија стотици доброволци, кои се обидуваат да ги извлечат преживеаните.

Меѓутоа, надежта дека ќе се најдат преживеани од час во час бледнее.

Би те интересирало и

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...

Илјадници жени протестираа против Донлад Трамп

Голем протест на жените се одржа во Лос Анџелес една година по изборот на Доналд Трамп ...