Франциско – папата кој руши ѕидови – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Франциско – папата кој руши ѕидови

Неговата мисија е – уривање ѕидови. По пет години на чело на Римокатоличката црква, папата Франциско стана некој вид теолошка и политичка поп-ѕвезда.

Молитвата е политички чин. Посебно кај ѕидот на границата меѓу Мексико и САД. Папата Франциско отворено изјави: „Оној кој гради ѕидови наместо мостови, не е христијанин. Тоа не е според Евангелието.“

Со овие зборови, во текот на посетата на Мексико пред две години, папата ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за подигање нов ѕид помеѓу Мексико и САД. На таа критика не влијаеше ни посетата на Трамп на Ватикан во мај минатата година.

Хорхе Берголио, 81-годишниот Аргентинец, веќе пет години е поглавар на Римокатоличката црква, како прв јужноамерикански папа. Само две минути по неговиот избор, едно беше јасно: овој папа „од другиот крај на светот“, како што тогаш се претстави самиот себе си Берголио, е поинаков од сите свои претходници.

Да се надминат поделбите

И навистина: Франциско истовремено е политичен и пасторален. Се молеше за мир на ѕидот меѓу Израел и Палестина во Витлеем. Прифати бегалци во Ватикан. Го поддржа окончувањето на политичкото ледено доба меѓу Куба и САД. И им прости на жените кои абортирале.

„Франциско сака да ги надмине поделбите, а не да ги зацементира со ѕидови. Во тоа е многу политичен“, вели Бернд Клашка, бивш раководител на „Адвениат“, бискупска хуманитарна организација за Латинска Америка. „Во Латинска Америка Франциско имаше слична улога како Јован Павле Втори во Европа, кој придонесе за падот на Берлинскиот ѕид.“

Извор: DW

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...