Франција во 2040 година престанува да продава возила на бензин и дизел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Франција во 2040 година престанува да продава возила на бензин и дизел

Франција има намера до 2040 година да ја запре продажбата на возила на бензин и дизел и да стане јаглеродно неутрална десет години подоцна, рече министерот за екологија Николас Хуло во четврток, на претставување на мерките со кои би се одржало темпото на Парискиот климатски договор.

Францускиот претседател Емануел Макрон сака да ја поттикне имплементацијата на договорот за борба против климатските промени откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот постигнат во францускиот главен град во 2015 година.

Возилата на бензин и дизел претставуваат околу 95,2 отсто од францускиот возен парк, додека електричните возила држат 1,2 отсто од пазарот, додека хибридните околу 3,5 отсто.

Хуло го наведе примерот на Волво, кој од 2019 година има намера сите нови модели да ги произведува во електрична варијанта и Индија која до 2030 сака сиот возен парк да и биде на електричен погон.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како ...

Вреди 30 милиони долари, а вози стара кола и се грее на обична греалка

Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои ...