Франција денеска ја добива новата влада

 

Новата влада на претседателот Емануел Макрон ќе биде претставена во среда во Франција, кој сака таа да биде беспрекорна, отворена за цивилното општество и со претставниците на левицата и десницата, што е преседан на политичката сцена на земјата, оцени агенцијата Франс прес.

Именувањето на 15 министри предвидено за вторник, одложено е на 24 часа, за да се провери даночната состојба на секој иден министер и други дејности, за да не дојде до конфликт на интереси.

Составот на новата влада што ќе ја предводи десничарскиот премиер Едуар Филип, ќе биде соопштен попладне, по работниот ручек на Макрон со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Младиот француски претседател, кој не припаѓа на ниту една традиционална партија туку основаше своја центристичка партија, Република во движење, се обидува да го придобие парламентарното мнозинство во пресрет на клучните парламентарни избори закажани за 11 и 18 јуни.

Првата седница на владата ќе се одржи во четврток.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...