Франција и Австралија лесно до четвртфиналето на Дејвис Купот

Репрезентациите на Франција и Австралија се првите четвртфиналисти на овогодишниот Дејвис Куп, откако со максимални 3-0 ги победија Јапонија, односно Чешка.

Во Мелбурн, австралиските тенисери го освоија третиот и одлучувачки бод со победата во двојки. Сем Грот и Џон Перс беа убедливи во дуелот со чешката двојка Весели/Сатрал со 6-3, 6-3, 6-2.

Французите исто така се пласираа во следната фаза веќе по вториот ден. Во Токио, француската двојка Хобер/Маху го совладаа јапонскиот пар Сугита/Учијама со 6-3, 6-4, 6-4.



Додади коментар

Би те интересирало и

Новак и Јелена Ѓоковиќ чекаат второ дете

Сопругата на тенисерот, новак Ѓоковиќ, Јелена е во вториот месец од бременоста, така што овој ...

7 000 долари казна за тенисерот Шаповалов кој со топче удри судија

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов е казнет со 7.000 долари, бидејќи на меч од Дејвис купот ...

Close