Франција: Пукотници пред џамија, осуммина повредени

Осум лица, меѓу кои и едно девојче, се полесно повредени во вооружен инцидент кој се случил пред една џамија во градот Авињон, на југоистокот на Франција.

Двајца мажи, во неделата околу 23 часот, излегле од автомобил и од ловечка пушка започнале да пукаат по минувачите.

Според обвинителството мета на нападот не била џамијата, односно дека не се работи за тероризам.

Вооружениот инцидент во Авињон се случил неколку дена по обидот на еден маж да изврши напад врз џамијата во Кретеј. Во овој инцидент немаше повредени.

Полицијата потоа ги засили контролите пред џамиите во Франција.

Во оваа држава сеуште во сила е вонредната состојба, која е воведена во 2015 година по терористичките напади во кои загинаа 239 лица.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

На аукција писмо од Титаник, се очекува да надмине 100.000 долари

Писмо пронајдено кај еден човек кој загинал во потонувањето на Титаник се очекува да достигне ...

Рахој: Шпанската Влада го започна процесот на суспендирање на каталонската автономија

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој денеска најави дека Владата го отпочнува процесот на одземање на автономијата ...