Француските пратеници побараа од претседателот да ја признае државата Палестина

Околу 154 француски пратеници и сенатори од сите политички партии го повикаа претседателот, Франсоа Оланд да ја признае државата Палестина.

– Франција треба да покаже решителност во излегувањето од слепата улица на тој конфликт, со тоа што свечено во името на самоопределувањето ќе каже дека палестинскиот народ има право да создаде држава – се вели во писмото од пратениците.

– Тоа е согласно меѓународното право, но е и во интерес на безбедноста на Израел, додаваат пратениците, обраќајќи се до претседателот со повик да дејствува на висината на својата функција и да не го пропушти овој историски момент.

На листата пратеници, кои го потпишале писмото се претставени речиси сите политички групации, како од левата, така и десната ориентација на политичкиот спектар.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close