Француски пратеници апелираат Оланд да ја признае палестинската држава

Вкупно 154 пратеници на францускиот парламент ги ставија потписите на отвореното писмо, во кое апелираат претседателот во заминување Франсоа Оланд, официјално да ја признае палестинската територија како држава, пренесува весникот Journal de France.

Франција мора да се ангажира во овој конфликт потврдувајќи дека во рамки на неотуѓивото право за самоопределување палестинскиот народ има право на држава. Тука станува збор за почитување на меѓународните права и безбедноста на Израел, вели пратеникот на Социјалистичката партија Жилбер Роже во отвореното писмо до шефот на државата.

Франција веќе долго време го поддржува решението – две држави, а писмото го потпишаа политичари од целокупниот политички спектар, наведува гаенцијата AFP.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...