Фудбалерите на Реал ќе добијат „тешка“ премија ако го освојат клупското СП – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Фудбалерите на Реал ќе добијат „тешка“ премија ако го освојат клупското СП

Реал Мадрид и Гремио денеска играат за светскиот трон, а покрај престижот и титулата, на фудбалерите нема да им дојде лошо и паричната стимулација – пишува порталот Спорт1.

ФИФА подготви награда од 4,2 милиони евра за освојувачот на Светското клупско првенство. Реал, пак, објави дека на своите фудбалери ќе им подели по 100.000 евра премија ако успеат во тоа.

Кралскиот клуб игра во променлива форма во последниов период, меѓутоа кога станува збор за титула и за богата парична премија фудбалерите сигурно ќе гинат на теренот. Веќе им успеа да ја освојат Лигата на шампионите, шпанското првенство, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА, во Скопје, па клупското СП би било петти пехар.

Ако ги ставиме на купче сите премии и бонуси кои фудбалерите на Реал ги добиваше секој играч на Реал, доаѓаме до импресивна цифра од најмалку 1.9 милиони евра,

Дали ќе ја зголемат ќе видиме вечерва во финалето, кое почнува од 18 часот.

 

Извор: www.sport1.mk

Би те интересирало и

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...

Конте: Мурињо е мал човек и секогаш ќе биде

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон ...