Фудбал – Page 30 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Наумов не се договори со Брегалница, се враќа во Азија

Поранешниот македонски репрезентативец Ристе Наумов не се договори за враќање во својот Штип и продолжување на кариерата во Брегалница – пренесува порталот Екипа. И покрај тоа што мина низ дел од тренинзите на тимот по стартот на зимските подготовки, сепак финансиските услови се пречка за идна меѓусебна соработка на Наумов ...

Повеќе »

Алекс Фергусон се враќа на клупата на Јунајтед !?

Тимот на Манчестер Јунајтед во последните две ипол сезони не е на нивото на кој се навикнати навивачите на овој тим да го гледаат својот миленик, кој игра променливо и е далеку од освојување на трофеј. Додека Алекс Фергусон беше предводник на „црвените ѓаволи“, речиси и да немаше сезона, во ...

Повеќе »

ФИФА подготви казни за Реал и Атлетико

Мадридските гиганти во ист проблем од кој неодамна излезе Барселона. Реал и Атлетико во наредните два преодни рокови нема да можат да сметаат на засилувања. Последната прилика да доведат нови фудбалери е оваа зима, бидејќи забраната ги опфаќа лето 2016 и зима 2017. година. Мадридските клубови ги прекршија прописите на ...

Повеќе »

Македонија – Бугарија на 29. март во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија и официјално го договори пријателскиот натпревар со Бугарија кој ќе се игра на 29. март на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Натпреварот ќе биде седми пријателски дуел меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски ...

Повеќе »

Милан е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија

Милан е првиот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Италија, откако во првиот меч од четвртфиналната програма го совлада Карпи со 2:1 (2:0). Милан првиот гол го постигна преку Карлос Бака во 14.минута, Колумбиецот со рабона успеа да ја затресе мрежата на Карпи. Петнаесет минути подоцна Бака му асистираше на Нијанг ...

Повеќе »

ВИДЕО: Арсенал и Ливерпул поделија по еден бод

Екипите на Ливерпул и Арсенал одиграа спектакуларен меч во рамките на 21.коло, во Премиерлигата, кој заврши без победник 3:3 (2:2). Екстаза на „Енфилд“ донесе Џо Ален кој го постави конечниот резултат во 91.минута. Во второто дерби Лестер ја прекина серијата од четири натпревари без победа, со триумфот во Лондон над ...

Повеќе »

ФИФА го отпушти генералниот секретар Валке

Светската куќа на фудбалот, ФИФА му врачи отказ на генералниот секретар кој е под суспензија од фудбалот, Жером Валке. Откако педесет и петгодишниот Французин во септември доби суспензија поради нелегално профитирање од продажба билети за Светското првенство, а во Новата година новите привремени челници решија да му врачат отказ. Тој ...

Повеќе »

Раскинаа Барселона и Бабунски

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски повеќе не е член на шпанскиот клуб Барселона. Каталонскиот клуб соопшти дека го раскинува договорот со него и уште четворица фудбалери кои досега настапуваа за нејзината втора екипа, односно „Барселона Б“. Шпански sport.es пренесува дека Бабунски не бил во плановите на тренерот на „Барселона“, Жерард Лопез ...

Повеќе »

Меси и Гвардиола во Јунајтед?

Според пишувањата на британските медиуми, „Адидас”, кој има договор со Гвардиола и Меси, ќе се обиде со сите расположливи средства да го донесе овој тандем во Манчестер јунајтед. Гвардиола најави дека од следната сезона ќе тренира некој клуб во Англија, а „Адидас” ќе се потруди тоа да биде Јунајтед, кој ...

Повеќе »

Стјепановиќ пронајде нов клуб во Кипар (Фото)

Остоја Стјепановиќ, член на националниот тим, потпиша со тимот на АЕЛ Лимасол. Триесетгодишниот играч од средниот ред за српскиот клуб оваа сезона имаше вкупно 14 натпревари. Претходно во кариерата беше член уште на Македонија ЃП, Партизан, Славија Сараево, Динамо Врање, Вардар, Чукарички Станком, Матерсбург, Тараз и Висла Краков. Во најсилното ...

Повеќе »

Македонија со пад на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа нов пад на најновата ФИФА ранг листа, па моментално се наоѓаме на 138-та позиција, со што значи полош ранг за две позиции од претходното рангирање. Од нашите противници со кои се наоѓаме во иста квалификациска група за Светското првенство во Русија, најдобро котира Шпанија, која ...

Повеќе »

Руни најдобар англиски фудбалер за 2015 година

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е прогласен за најдобар англиски играч во 2015 година. Напаѓачот на Англија и на Манчестер Јунајтед, во изборот за фудбалер на годината добил 37 отсто од гласовите на навивачите. Вејн Руни четврти пат го добива ова признание, претходно за најдобар бил прогласен во 2008, 2009 ...

Повеќе »

Бекам: Зидан во Реал е полн погодок!

Дејвид Бекам кој играше заедно со Зидан во Реал, смета дека неговиот тимски колега е полн погодок за позицијата – тренер на клубот. „Зарем можеше подобро од ова“, праша Бекам на својот профил на Инстаграм. Според Бекам, Зидан е најдобрата личност за оваа работа и тој не би дозволил неуспех ...

Повеќе »

Реал Мадрид доби нов тренер

Тоа што беше најавено уште ова попладне, на официјалната прес-конференција го потврди претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Првиот човек на „кралевите“ соопшти дека одборот на директори донел едногласна одлука за прекинување на соработката со Рафаел Бенитез, тренер кој експресно ќе биде заменет од страна на клупската легенда и досегашен ...

Повеќе »

Невил: Ова беше нашиот најдобар натпревар

Предводникот на Валенсија, Гери Невил е задоволен од играта и резултатот кој неговите избраници го остварија на пресметката со Реал Мадрид. „Кралевите“ два пати водеа на „Месталја“, но домаќните два пати успеваа да се вратат, а на крајот преку Алваро Негредо пропуштија и огромна шанса за комплетен пресврт и победа. ...

Повеќе »