ФФРМ реагира на неизвесниот откуп на пченицата, Николовски тврди цената ќе се знае месецов

Цената на пченицата ќе се знае на крајот на месецов – ова го соопшти денеска министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. Во меѓувреме, Федерацијата на фармерите на Република Македонија реагира на неизвесниот откуп на пченицата. Оттаму велат дека се соочуваат со двојна непогода – климатски промени и недфинирана цена.

Се’ уште не може да се дефинира производствената, ниту пазарната цена на пченицата. Тоа ќе се знае на крајот на јули – изјави денеска министерот, Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање. Тој информира дека во Министерството веќе е формиран тим, што ги анализира состојбите.

„Ги разгледуваме сите мерки и можности, но треба да имаме предвид дека токму поради примената на таа мерка, условениот увоз на жито, Македонија беше опомената за сериозни можни санкции“, додаде Николовски. Според него, се преиспитува потребата од воведувањето условен увоз на пченица во претходните неколку години.

За недифинираната цена на пченицата, реакција пристигна и од Федерацијата на фармерите. Во денешното соопштение, оттаму наведуваат дека минималната цена за пченица по килограм треба да биде 12 денари.

-Со цел да не се прваат манипулации во делот на откупот и продажбата на пченица, законски треба да се смени датумот на интервентниот откуп на пченицата и да биде од први јули кога е жетвата на пченицата и кога започнува откупот – потенцираат од Федерацијата. Фармерите бараат и измени на Член 43 од Законот за земјоделство и рурален равој.

Тие предлагаат,  наместо директорот на Агенцијата да донесува решение за избор на понудувачи, да се формира комисија во којашто ќе учествуват и претставници од земјоделските здруженија и на стопански комори за да се изврши откуп и продажба на пченица.

Според официјалните статистики вкупната површината под жита е 67 отсто во вкупната површина под ораници и бавчи (158.314 хектари), а пченицата учествува со 34,2отсто (80.924 хектари). Пченицата во вкупната вредност на земјоделското производство учество до 12 проценти.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Германија ќе ги намали придонесите за пензиско осигурување

Германија планира следната година да ги намали придонесите за пензиско осигурување што ги собира од ...

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупното кредитирање на фирмите и на граѓаните во септември е намалено за 0,3 отсто, но ...