Хамилтон и Розберг меѓусебно се обвинуваат за инцидентот во Австрија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Хамилтон и Розберг меѓусебно се обвинуваат за инцидентот во Австрија

mkd-271750

Двоецот на Мерцедес се судри во последниот круг на ГН на Австрија, за среќа двајцата ја завршија трката но Нико Розберг мораше да се задоволи само со четвртата позиција.

И додека стујардите го истражуваат инцидентот, а првиот човек на Мерцедес, Тото Волф рече дека возачите се однесувале „без памет”, Луис Хамилтон и Нико Розберг веруваат дека нивните постапки биле исправни.

„Ја имав внатрешната позиција, силна позиција и иако влегов малку подлабоко во свиокот тоа не е погрешно бидејќи јас диктирав и бев изненаден кога Луис сврти и удри во мене” – рече Нико Розберг.

„Навистина сум шокиран”.

Хамилтон пак изјави: „Нико направи грешка во свиокот број 1, па ми се укажа шанса да го поминам”.

„Ја блокираше внатрешната страна и морав да го поминам од надворешната”.

„Ја имав тркачката линија, ми беше во слепа точка, претпоставував дека е покрај мене”.

„Влегов многу широко и кога почнав да вртам, бев на лимитот од патеката и го удрив”.

„Момците ми рекоа дека имал проблем со сопирачките, можеби, не сум сигурен што точно се случи”.

Би те интересирало и

Маверик Вињалес останува во Јамаха до 2020 година

Шпанецот, Маверик Вињалес, третопласиран во минатогодишниот Мото ГП шампионат, го продолжи својот договор со Јамаха, ...

Прилеп престојниот викенд домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Во деновите на викендот 21-ви и 22 октомври Прилеп ќе биде домаќин на вториот по ...