Хамилтон победи на трката за Големата награда на Мексико

formula-1-hamilton

Возачот на Мерцедес и актуелен светски првак во формула 1, Луис Хамилтон забележа победа на трката одржана синоќа за Големата награда на Мексико и со тоа ја намали разликата во однос на лидерот во генералниот пласман Нико Розберг. Ова за Хамилтон беше 51.победа и сега Розберг има 19 бодови предност на две трки до крајот на шампионатот. По триумфот Хамилтон се изедначи на второто место на вечната листа по бројот на победи со Алан Прост.

Второто место во Мексико го освои Розберг, додека голема борба се водеше за третото место меѓу Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен, бидејќи имаше непочитување на правилата по трката и двајцата добија временски казни, па трет е Даниел Рикардо од Ред Бул, Верстапен е на четвртото место, а Фетел е петти.

Во генералниот пласман прв е Розберг со 349 поени, Хамилтон има 330, а трет е Рикардо со 242, Фетел има 187, Кими Раиконен 178 и Рикардо 177.

Кај конструкторите Мерцедес е прв со 679 поени, Ред Бул има 427, а Ферари 365.

Следната трка се вози во Бразил на 13 ноември.



Додади коментар

Би те интересирало и

Средниот бек останува во Германија: Миркуловски уште една година во Вецлар

Повратникот во дресот со националниот грб, Филип Миркуловски ќе го продолжи својот престој во Бундес ...

Репрезентативецот Адеми ќе чека до март: Судот во Лозана го одложи судењето

И покрај најавите дека денеска ќе биде соопштена одлуката на  Арбитражниот суд во Лозана за ...

Close