Хамилтон: Ферари има најдобар болид

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот на последната трка за ГН на Монако што се одржа викендот и го освои шестото место.

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот на последната трка за ГН на Монако што се одржа викендот и го освои шестото место, а имаше и лоши квалификации претходниот ден. Тоа е една од причините што Британецот заостанува 25 бодови зад првопласираниот во генералниот пласман Себастијан Фетел од Ферари.

– Болидот се однесуваше сосема поинаку од тоа што сме навикнати, што беше ново и за механичарите. Работите едноставно не одеа како што треба. Изгледа дека болидот на Ферари функционира на сите патеки. Ќе има многу работа во следните 14 трки. Мислам дека Ферари има најдобар болид, изјави Хамилтон.

Токму тимот на Ферари на последната трка во Монако по седум години имаше „еден-два“ победа, а Кими Раиконен беше најбрз во квалификациите.

Следната трка се вози на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал за Големата награда на Канада.

Извор: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close