Харадинај е убеден дека Косово на крајот на јули ќе има нова влада

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај,номиниран за премиер од редовите на победничката коалиција ПАН, (Демократската партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово),изјави дека во последната недела од јули ќе биде формирана новата влада на Косово.

Харадинај за РТВ Дукаѓини изјави дека на земјата не треба да и се повтори 2014 година,времето кога,според него,имало „блокади на институциите и кога како резултат на тоа над 100 илјади граѓани го напуштија Косово“.

– Јас велам дека Косово ќе има влада во рекорден временски рок. На средбата, ги поканив Движењето „Самоопределување“, Демократскиот сојуз на Косово, Листа српска и пратениците од немнозинскте етнички заедници,кои планирам да бидат дел во извршната -посочи Харадинај.

Претседателот на Косово,Хашим Тачи,претходно изјави дека целосно ќе го почитува Уставот и одлуката на Уставниот суд од 2014 за определување мандатар за формирање нова влада.

Преземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Грчките новинари во 48-часовен штрајк

Синдикатите на грчките новинари за денеска и утре закажаа 48 – часовен штрајк. Тие протестираат ...

Вучиќ: Можни се предвремени парламенатарни избори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска пред новинарите изјави дека е можно одржување на вонредни парламентарни ...