Харингтон: Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од „Игра на престолите“

Популарниот актер, Кит Харингтон изјави дека заплакал додека го читал сценариото за последната епизода од серијата „Игра на престолите“.

Харингтон, кој го толкува ликот на Џон Сноу истакнал дека знае како ќе заврши популарната серија:

„Плачев на крајот. Мора да имате обзир дека по осум години актерите се најзасегнати од серијата, Станува збор за институција постара од која било институција на која му припаѓав до сега: училиште, секција во училиште или што било друго“.

Тој додал дека не се чувствува добро кога ќе се сети дека серијата набрзо ќе заврши:

„Би било многу чудно да се опростам од сите. Не само што сме поврзани со нашите колеги и серијата, туку многу луѓе во светот за овие години ја засакаа серијата Игра на престолите“.

Тој посочил и дека со нетрпение очекува нови проекти, при тоа најави дека сака да се обиде и како продуцент.

Би те интересирало и

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...

Прва Барбика со хиџаб во светот

Американската олимпијка, Ибтихај Мухамед доби својата Барбика, направена во нејзина чест, која воедно е и ...