Хашим Тачи незадоволен од извештајот на ЕК – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Хашим Тачи незадоволен од извештајот на ЕК

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, кој е во посета на САД изрази незадовлство од вчера објавениот извештај на Европската комисија.

На неговиот профил на Фејсбук тој напиша дека поради политички причини,документот не успеал да ја прикаже перпсективата за членство за сите земји од регионот.

Косово, според Тачи,оставно е назад.

– Извештајот за стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан објавен од ЕК не успеа да приближи јаснотија за членство на Косово во ЕУ и Косово се соочи со неправда. Земјите ќе го исполнат она што го бара ЕУ,унапредувајќи ја својата позиција, напиша Тачи.

Според него, неправедниот пристап кон Косово е последица на непризнавањето од пет земји-членки на ЕУ, односно неспособноста на ЕУ за единствен став кон Косово. Но,додава тој, Косово нема да потоне во очај.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...