Хелсиншкиот комитет со отворена канцеларија за изборите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Хелсиншкиот комитет со отворена канцеларија за изборите

Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска, на вториот круг од локалните избори, ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право.

Граѓаните можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно. Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност. – Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата која се наоѓа на улица „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје.

Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073, соопшти Хелсиншки комитет. Покрај лично и телефонско пријавување, овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk.

Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација – изборна единица и број на гласачко место и време на настанување на повредата на избирачкото право. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата. /MИА

Би те интересирало и

Заев: македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Германија

Македонскиот премиер вели дека поради техничка пречка неделава не бил потпишан договорот за признавање на ...

Села и Гаши на средба во Тетово разговараа за окрупнување на Албанската опозиција

Иако поделени во фракции и крила, Албанските опозициони партии започнаа да соработуваат, чија крајна цел ...