Хелшински комитет го повлекува членот во Комисијата за помилување

DSC_5490

Синоќа во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77 ваквото размислување го сподели директорка на Хелшинскиот комитет за човекови права Уранија Пировска.

Претседателот Ѓорѓе Иванов одлуката за аболиција на 56 лица ја донесе еднострано, без консултација со специјализираната Комисија за помилување што работи како помошно тело на претседателот, тврди Пировска, којанајави дека ќе го повлечат нивниот член Воислав Стојановски.

– Одлуката претседателот ја донесе без одлука на Комисијата, не беше свикан никаков состанок. Сега мислам дека нема никаква поента Хелшинскиот комитет да учествува во работата на оваа комисија и најверојатно ќе го повлечеме своето членоство, бидејќи сметаме дека со чинот што го стори претседателот не само што го прекрши законот, туку го повреди и принципот на поделба на власта и застана над Собранието, изјави Пировска во „Ноќен експрес“.

Директорката на Хелшинскиот комитет оценува дека Иванов направил смислен упад во правниот систем со фактот дека на целата постапка и’ претходеше одлуката на Уставниот суд, а потоа и едностраната аболиција. При тоа користени се доверливи информации во кои имало и имиња на сведоци во постапките, како што е Коста Крпач, за кој беше кажано дека се самоубил, откако пукал во авотомобил.

– Претседателот не само што помилуваше луѓе за кои не се знаеше дека се субјекти во предистражна постапка, со што ја повреди тајноста на таа постапка, туку тој аболицираше луѓе кои немале својство на осомничени или обвинети. Значи,лицето Коста Крпач имало својство на сведок. Тука, но и на почетокот е многу јасно што имал за цел претседателот. Но, останува нејасно од кои причини помилувал сведок, рече Пировска.

Би те интересирало и

„Мултикултурните поврзувања во граѓанскиот сектор во Македонија“, книга на Лилјана Поповска

Недоволната поддршка од институциите го ограничува влијанието на мултикултурното поврзување во граѓанскиот сектор. Ова, во ...

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...