Хорор во Формула 4, ампутирани нозете на младиот возач Били Монгер

Британскиот возач, Били Монгер доживеа хорор судир на трката која се возеше на Донингтон парк патеката во Англија, а само среќата го спаси од сигурна смрт во дадената ситуција бидејќи буквално се заби во другиот болид управуван од страна на Патрик Пасма. Болидот на Пасма ненадејно застана на патеката кога имаше гужва од болиди на еден подолг правец, но тоа не го забележа Монгер кој немаше простор да реагира – пишува денеска порталот Дерби.

Поради безбедносни мерки, Били беше внимателно извлечен од возилото дури 90 минути по судирот, а британските медиуми информираа дека тој бил во стабилна состојба, со тоа што имал доста сериозни повреди на нозете. Меѓутоа, денеска стигна непријатна вест дека и покрај големиот труд и брзата интервенција на медицинската екипа, докторите морале да му ги ампутираат нозете на младиот и талентиран возач.

За поддршка во лекувањето на Били и неговото семејство веќе се отвори Фонд на интернет кој успеа да собере 500 000 фунти за неколку дена.

 

Извор: www.derbi.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

ФИФА потврди: Видео технологијата ќе се користи на Мундијалот во Русија

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека видео-технологијата ќе се користи на ...

Иџе новата сезона ја започнува на „Монца“

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе в недела (30 април) по екипирањето на првиот македонски ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger