Храната од која појадувале затруените вработените од Леар била соодветно дистрибуирана, чувана и служена – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Храната од која појадувале затруените вработените од Леар била соодветно дистрибуирана, чувана и служена

Храната од која појадувале вработените во фабриката Леар во Тетово во саботата на 7 јули била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба. Ова го утврдила Агенцијата за храна и ветеринарство, откако пред два дена беа затруени 25 вработени од Леар, најверојатно од салама и паштета која ја појадувале.

Според Агенцијата,  мензата ги исполнува хигиенските услови поради што не е изречена мерка за нејзино привремено затворање.

Оттаму соопштија дека во соработка со Санитарната инспекција, зеле мостри за лабораториско испитување од храната која била послужена, од работните површини во мензата, како и од вработеното лице што ја послужувало храната, а на кое му било извршен и дополнителен здравствен преглед

Од Агенцијата велат дека дополнитено ќе ја информираат јавноста, која била точната причина за триењето на работниците. Апелираат во услови на висока температура и зголемен ризик од расипување на храната и појава на труења, граѓаните да внимаваат од каде купуваат храна.

Началникот на Брзата помош во Тетово, Гзим Нуиреидни вели дека често во неговата амбуланта во овој период од годината, му доаѓаат пациенти со симптоми на труење.

И мо месец март годинава  220 вработени од фабриката ЛЕАР беа затруени, откако вечерале макарани со сос и мелено месо. Бактеријата стафилокока беше причината за масовното труење на работниците.

Би те интересирало и

АХВ: Интензивно се работи на исполнување на условите за извоз на свежо свинско месо

Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според ...

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на ...