Хроника – Page 20 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Кривичен ги потврди приведувањата за злоупотреби со субвенции

Вршителот на должност, претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Стојанче Рибарев, за „судство.мк“ официјално потврди дека има приведени лица,кои во моментов се пред судија за претходна постапка. Тој не можеше да потврди дали станува збор за  сомневања за злоупотребана службена положба и овластување, односно за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции. ...

Повеќе »

Приведени дваесетина лица за злоупотреби со земјоделски субвенции

Дваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции – дознава порталот Судство.мк. Од судот и од Обвинитеството засега ништо официјално не соопштуваат, но според неофицијалните сознанија на ...

Повеќе »

Серија земјотреси почувствувани во Пехчево и Кочани

Серија земјотреси, од кои најсилниот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани попладнево во 14 часот и 53 минути во Пехчево и Кочани, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресите бил на шест километри западно од Пехчево, а се почувствувани со интензитет од ...

Повеќе »

По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство. „Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, ...

Повеќе »

„Монструм“: Обвинителството бара да се укинат пресудите за доживотен затвор

Јавната обвинителка, Лилјана Спасовска на денешната седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд побара да се уважат жалбите на шестмината обвинети. Тие поднесоа жалби за пресудата за доживотен затвор, која ја донесе Основниот суд, а потоа Апелација ја потврди. Неутврдена фактичка состојба и евентуално постоење на прислушувани разговори кои би ...

Повеќе »

Јавна седница за „Монструм“ во Врховен суд

Во Врховниот суд денеска треба да се одржи јавна седница за случајот „Монструм“. Претходно, седницата требаше да се одржи на 12 септември, но беше одложена поради тоа што полицијата не донела еден од петмината осудени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Врховните судии на јавна седница треба да ги разгледаат ...

Повеќе »

Почина писателот Иван Ивановски

Вчера во Скопје, по долго боледување, почина писателот Иван Ивановски – соопшти денеска Друштвото на писателите на Македонија. По повод смртта на Иван Ивановски, утре (вторник) во 11.30 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморативна седница. За животот и делото на Ивановски ќе зборуваат претседателот на ДПМ, ...

Повеќе »

Најмалку 20 загинати и над 100 повредени во Лас Вегас

Најмалку 20 загинати и над 100 повредени во синоќешното пукање за време на концерт во Лас Вегас, пренесе Си-ен-ен. Нападот се случил во близина на казиното „Менделеј беј“ во центарот на Лас Вегас за време на фестивалот „Route91 – Harvest“ кога непознат напаѓач пукал во посетителите на фестивалот на кантри ...

Повеќе »

Две лица се повредени во сообраќајна незгода кај Куманово

Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна незгода, која вчера попладне се случила на спортскиот аеродром „Аџитепе“ крај Куманово. Полицијата соопшти дека до незгодата дошло при судир на мотор „сузуки“ со гостиварски ознаки управуван од триесет и тригодишниот, Б.Т. од Скопје и „јамаха“ со скопски таблички управуван од ...

Повеќе »

Министерство за здравство: Трите починати бебиња се од високоризични бремености

Трите починати новороденчиња од 21 септември на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје биле од високоризични бремености завршени со предвремено породување и имале ниска родилна тежина, утврдила стручна комисија. Министерството за здравство соопшти дека сите овие ризик-фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет. ...

Повеќе »

Златен накит и часовници украдени од куќа во Гостивар

Златен накит, часовници и девизи синоќа се украдени од куќа на улицата „Беличица“ во Гостивар. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека кражбата синоќа околу 20 часот ја пријавила сопственичката на куќата М.Ф. Кражбата била извршена додека сопственичката на куќата заедно со сопругот биле излезени од домот. Крадците влегле ...

Повеќе »

Осмоодделенц со нож ги прободел неговиот татко и брат

Дванаесетгодишно момче изутрината при семејна расправија со нож ги прободел неговиот татко и брат. -Утринава околу два часот во Скопје малолетник на возраст од 12 години при семејна расправија, на неговиот  триесет и седумгодишен татко, Д.С. со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот петнаесетгодишен брат ...

Повеќе »

Тешко повреден третооделенц по тепачка со соученичка

Осумгодишен ученик од делчевското село Разловци, вчера добил тешки телесни повреди откако по меѓусебно кошкање со негова соученичка паднал на глава. МВР денеска соопшти дека во 9:10 часот во село Разловци-Делчево во Основното училиште, помеѓу часовите за време на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија меѓу ученик на возраст од осум ...

Повеќе »

Синот на Мијалков на пат, телохранителите на распит во полиција

Синот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Јордан, не одговори на повикот на Јавното обвинителство и не се појави на распит во полициската станица во Кисела Вода. Според извори на Макфакс, Јордан Мијалков не дошол на распит бидејќи бил на патување и тврдел дека поканата не му била уредно ...

Повеќе »

Се расчистува нападот на независниот кандидат Алит Абази

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер​ се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица, меѓу кои и независниот кандидат за советник на овие избори Алит Абази. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања ...

Повеќе »